ФАКТОР НА ДЕНОТ: Веќе 28 дена има војна во Украина, Мариупол е уништен
ВО УКРАИНА ВЕЌЕ 28 ДЕНА ИМА ВОЈНА, МАРИУПОЛ Е УНИШТЕН
Украинскиот град Мариупол е во очајна состојба поради воените дејствија.
Над 80 отсто од станбените згради во тој град се оштетени, а голем број се урнати. Русија бараше предавање на градот, но тоа не се случи. Украина го отфрли ултиматумот.Во Киев загинаа 264 цивили, објави градоначалникот Виталиј Кличко.
Додава дека во оваа бројка на загинати има и деца. Кличко дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА
Од полноќ дизелот поскапува.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи и ги објави новите цени на нафтените деривати.
Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините останува иста односно ЕУРОСУПЕР БС-95 – 79,00 ден/лит и ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,00 ден/лит. Цената на дизелот се зголемува за 4 денари од полноќ и ќе биде 81,00 ден/лит.ИМА 319 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Бегалците кои ја напуштија Украина, се растрчаа да си бараат работа во земјите каде заминаа. Дека тоа е така, покажуваат и повеќе групи на социјалните мрежи каде едни објавуваат огласи и нудат работа, а други велат дека очајно им треба вработување.
Слично
