ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина предложи неутрален статус, Русија ќе ги намали операциите околу Киев и Чернихив
УКРАИНА ПРЕДЛОЖИ НЕУТРАЛЕН СТАТУС
Амбасадата на Украина во Турција објави дека заврши состанокот на украинските и руските преговарачи во Истанбул.
Русија го оцени состанокот како конструктивен. Шефот на руската делегација Владимир Медински изјави дека разговорите биле конструктивни. Медински изјави дека ќе ги разгледаат барањата на Украина и дека за нив ќе го извести претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој додаде дека средбата меѓу претседателите на Русија и Украина ќе биде можна само кога на договорот ќе „стават печат“ министрите за надворешни работи на двете земји, пренесува Ројтерс.РУСИЈА ЌЕ ГИ НАМАЛИ ОПЕРАЦИИТЕ ОКОЛУ КИЕВ И ЧЕРНИХИВ
Русија соопшти дека ќе ги намали операциите околу главниот град Киев и градот Чернихив.
Рускиот заменик-министер за одбрана, Александар Фомин изјави дека овој потег има за цел да ја „зголеми довербата“ во разговорите за ставање крај на борбите.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска рече дека руските сили ќе се фокусираат на Донбас, кој ги вклучува отцепените региони Луганск и Доњецк. Тој рече дека Москва во голема мера ја постигнала првата фаза од својата „специјална воена операција“, вклучително и деградирање на воениот капацитет на Украина.ОД УТРЕ ОСНОВЦИТЕ БЕЗ МАСКИ ЌЕ ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ
Основците од утре ќе одат без заштитни маски на училиште. Ова е најнова одлука на Владата.
Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести.
Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите. Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата.
Во последните 24 часа во Македонија има 310 заразени со коронавирусот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
