ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина обвинува за убиства на цивили, Русија негира, а се појави и план за прекин на огнот
УКРAИНА ОБВИНУВА, А РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА УБИЛА ЦИВИЛИ
Русите демантираат дека го гранатирале театарот во градот Мариупол.
Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека цел на напад била зградата на театарот во Maриупол во која биле сместени стотици цивили, пренесува РИА Новости.
„Денеска на сите пропагандни ресурси на режимот во Киев, беа дистрибуирани видео снимки од цивили кои загинаа во Чернихив, кои наводно биле „застрелани од руски војници“, а беше посочено дека сите загинати наводно застанале во ред за леб“, објави портпаролот руското Министерство за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Вели дека на видео снимката нема траги од експлозија на муниција.Западните медиуми претходно објавија дека руските сили убиле цивили во Украина.
ИМА ПЛАН ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ
Русија и Украина направија план за прекин на огнот, кој содржи 15 точки, пишува Фајненшл Тајмс.
Според пишувањето на весникот, планот вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили. Ова го кажале лицата кои се вклучени во преговорите.
Предложениот договор, за кој првпат разговараа украинските и руските преговарачи во понеделникот, ќе значи дека Киев ќе се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ќе вети дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје во замена за заштита од сојузниците, како што се САД, Велика Британија и Турција.УКРАИНА НЕ ПРИФАЌА НЕУТРАЛНОСТ ПО АВСТРИСКИ МОДЕЛ
Украина го одби предлогот за неутралност по австриски модел.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак кажа дека рускиот предлог Украина да усвои неутралност во австриски стил е неприфатлив за земјата.
ОСНОВЦИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД НОСЕЊЕ МАСКИ
Комисијата за заразни болести по денешниот состанок соопшти кои нови препораки ќе ги достави до Кризниот штаб, односно до Владата, откако детално ја разгледале епидемиолошката состојба во Македонија во измината недела.
-Врз основа на новиот алгоритам препорачуваме учениците да бидат ослободени од носење маски во основните училишта, но не се ослободуваат наставничкиот и техничкиот персонал, соопшти на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.ОД ПОЛНОЌ ИМА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Од полноќ ќе имаме нови цени на горивата.
Бензините од вечерва на полноќ ќе се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, а дизелот поевтинува за шест денари по литар, објави попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако изби војната во Украина, уметниците од оваа земја бараат прибежиште во европските земји. На располагање им се понудени апартмани, соби, вили, места каде и досега се сместувале уметници за резиденцијални престои.