Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина обвинува за силување и малтретирање на деца, Русија вели тоа е апсурд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина обвинува за силување и малтретирање на деца, Русија вели тоа е апсурд

УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА РУСИТЕ СИЛУВАЛЕ 11 ГОДИШНО МОМЧЕ

Украинските власти тврдат дека руски војници силувале 11-годишно момче пред очите на мајка му. 

Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи, Емине Џепар, денеска изјави дека Русија ги врши најлошите кршења на човековите права на Европа во последните децении.

„Ова беа 10 недели чист ужас за луѓето во мојата земја. Мачења и исчезнувања, сексуално и родово насилство, списокот на руски злосторства е бесконечен. Само свет кој е солидарен со украинскиот народ може да помогне да се победи ова зло“, истакна таа.

РУСИЈА НЕГИРА

Русија негира дека малтретирала деца во Украина. 

„Сите обвинувања против руските војници дека извршиле насилство врз деца во Украина се апсурдни“, изјави денеска рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја. 

Ова го кажа по обвинувањата дека руски сили силувале 11 годишно момче пред мајка му. 

„Денеска уште еднаш слушнавме голем број наши колеги кои ги обвинуваат руските војници дека извршиле акти на насилство, вклучително и сексуално насилство, врз деца. Ова го слушнавме од нашите британски колеги и од други. Овие обвинувања се, во најмала рака, апсурдни“, нагласи рускиот амбасадор, а пренесе агенцијата ТАСС.

СИНОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА ВЕЛИ ДЕКА МАЈКА МУ ЕДЕН ДЕН ЌЕ КАЖЕ СЕ

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев, во интервју за „А1он“ откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева, оценувајќи дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.

„Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Расте бројот на приватни сместувачки капацитети во Берово, потврдуваат од локалната самоуправа.

Измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на ликвидноста на акциите на одредени акционерски друштва, но и подобрување на деловните резултати со создавање регулатива за функционирање на холдинг компании. 

Загубите во електродистрибутивната мрежа на електрична енергија лани ги чинеле граѓаните точно 100 милиони евра, а една од причините е и крадењето струја со компјутери „мајнери“ кои го оптоваруваат системот заради копањето криптовалути.

Акцијата на Комерцијална банка била најтргувана на македонскиот пазар на капитал во април годинава, покажува месечниот билтен на Берзата.

Слично

Поврзани вести