Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина и Русија почнаа преговори, оди тешко, но ќе има и втора рунда

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина и Русија почнаа преговори, оди тешко, но ќе има и втора рунда

УКРАИНА И РУСИЈА ПОЧНАА СО ПРЕГОВОРИ

Советникот на украинскиот претседател Влодомир Зеленски и член на украинската делегација во преговорите со Русија, Микаило Подољак, вели дека оди тешко. 

„Сепак, веќе без никакви задолжителни ултиматуми. За жал, руската страна се уште е крајно пристрасна во однос на деструктивните процеси што ги започна“, објави тој денеска на Твитер. 

Делегациите на Русија и Украина денеска во белорускиот пограничен град Гомел, одржаа прв круг од преговорите за прекин на конфликтот по што се вратија на консултации во своите главни градови. Ќе има и втора рунда. Целта е да се најде решение со што би завршила војната. Пред неколку дена Русија ја нападна Украина. 

ПУТИН ИМА ТРИ БАРАЊА

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот француски колега Емануел Макрон дека Москва е отворена за разговори со Киев, соопшти Кремљ.

„За време на долгиот телефонски разговор на иницијатива на француската страна, рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон имаа сериозна и значајна размена на мислења за сите аспекти на ситуацијата околу Украина“, се вели во соопштението.

Путин му рекол на Макрон дека решението на кризата во Украина е можно само ако безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, кои вклучуваат:

– признавање на рускиот суверенитет над Крим.
– демилитаризација и денацификација на украинската држава.– обезбедување на неутрален статус на Украина.

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПРИЕМ ВО ЕУ

Претседателите на осум членки на ЕУ побараа итни разговори за членство на Украина. 

Станува збор за држави од централна и источна Европа кои денеска ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да и дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнат преговори за членство се наведува во отвореното писмо објавено во понеделникот, јавува агенцијата Ројтерс.

„Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристап во ЕУ“, се наведува во писмото.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија. Зеленски побара од унијата да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, затоа што таа се брани од инвазија на руските сили.

РУБЉАТА ПАДНА

Редици пред банките, граѓаните на Москва во долги редици пред банкоматите да извадат пари...Вакви се сликите утринава во Русија откако некои руски банки беа исфрлени од системот SWIFT, поради строгите економски санкции наметнати од Западот, заради што Русите се упатија кон банкоматите за да ги повлечат своите заштеди.

ПРЕСУДИ ЗА ТИТАНИК

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беа објавени првостепените пресуди за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на парламентарните избори во 2014.

За поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски пресудени се четири години и шест месеци казна затвор за злосторничко здружување, повреда на слободата на гласање  и уништување на изборен материјал,.

Во казната се пресметува и времето минато во притвор и куќен притвор од 14 ноември 2018. Обвинителството предложи Јанакиевски да биде вратен во куќен притвор се до правосилноста на пресудата, додека за неговата одбрана предлогот беше неприфатлив.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу често во огласите за вработување ќе сретнеме дека се бара кандидат за работа не постар од 29 или 35 години. Посебно доколку се работи за презентации, се бараат млади до 29 години. Оние кои се во потрага по работа, забележале дека се поставуваат и вакви критериуми и сметаат дека секој треба да има фер шанса за вработување. Дополнително, додаваат дека и луѓето со возраст над 35 години, можат да бидат продуктивни на своите работни места.

Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија. Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.

Слично

Поврзани вести