ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина бара помош за да не биде како Сирија, и натаму гинат цивили
УКРАИНА БАРА ПОМОШ, ИМА ЦИВИЛНИ ЖРТВИ
Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба ги повика министрите за надворешни работи на НАТО да не дозволат Русија да ја претвори Украина во Сирија, каде што од 2011 година се води граѓанска војна.
Вели да делуваат сега додека не биде предоцна.
„Не дозволувајте рускиот претседател Владимир Путин да ја претвори Украина во Сирија. Ние сме подготвени да се бориме. Ќе ја продолжиме борбата. Но, сега ни требаат партнери кои ќе ни помогнат со конкретни, одлучни и брзи акции“, објави Кулеба на Твитер.Нови цивилни жртви има во Украина. Загинаа две деца и пет возрасни при ракетен напад во украинскиот главен град Киев.
Ракетниот напад се случи во рурално станбената област Маркхаливка.ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ПЕНЗИИТЕ
Пензиите ќе се зголемат според швајцарски модел, најави премиерот Димитар Ковачевски.
Владата и претставници на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансика помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.ИМА 389 ЗАРАЗЕНИ И 15 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Јавното сообраќајно претпријатие на главниот град, ЈСП Скопје, добило во февруари најмногу пари од државниот буџет и од буџетските корисници во земјава. На сметката на ЈСП само во февруари легнале нешто повеќе од 107 милиони денари или прецизно 1,75 милиони евра.