Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина веќе нема да го моли НАТО, продолжуваaт да се борат, но подготвени се за дијалог за Крим и Донбас

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украина  веќе нема да го моли НАТО, продолжуваaт да се борат, но подготвени се за дијалог за Крим и Донбас

УКРАИНА ВЕЌЕ НЕМА ДА ГО МОЛИ НАТО

Украина изгуби интерес за влез во НАТО, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за американската телевизија Eј-Би-Си. 

Тој рече дека Украина е подготвена за дијалог со Русија околу статусот на Крим и Донбас. Тој изјави дека Украина нема да го моли НАТО на колена за ништо. 

„Алијансата се плаши од контрадикторни работи, и конфронтација со руската федерација“, изјави Зеленски. 

Зеленски рече дека не е подготвен за капитулација, а во однос на признавањето на Крим, и само-прогласените републики во Донбас,  одговори дека постои можност, властите во Киев да разговараат и да најдат компромис, за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму. 

Зеленски и  украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба бараа авиони и затворање на небото над Украина, но нивните апели беа залудни. 

САД НЕМА ДА УВЕЗУВА РУСКА НАФТА

САД забранија увоз на нафта од Русија. 

САД го направија првиот чекор кон целосна забрана на увоз на енергенси од Русија, а Европа размислува како да ја намали зависноста од рускиот гас и нафта во екот на војната во Украина.

„Нема да ја субвенционираме војната на Путин“, соопшти Бајден. 

Рече дека одлуката ќе биде „тежок удар“ за способноста на Кремљ да ја финансира војната. 

УАПСЕНИ СЕ ЛИЦАТА КОИ ОГРАБИЈА БАНКА

Полицијата ги уапси двете лица осомничени за грабежот на банка во Скопје. 

Грабежот е пријавен денеска во 12:35 часот кога маскирани и вооружени разбојници им се заканиле на банкарските службеници со оружје и зеле пари. Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени лица.

Во Скопје вчера имало обид за грабеж на обложувалница. 

ДЕНЕС ИМА 340 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14,  Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир  Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево - 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Украина е многу голем извозник на железо. Војната, меѓудругото, ги запира испораките на железна суровина за производство на арматури за автогуми. Ова ќе направи недостиг на суровина кај целата индустрија за автогуми во централна и источна Европа. Во крајна линија ќе го намали изборот и ќе ги зголеми цените на автогуми

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, минатата недела заедно со уште едно физичко лице основал претпријатие за производство на електрична енергија Бојана Енерџи. Произведувачот е регистриран во Ново Коњарево, село во општината што ја водеше Стојчев.

Во текот на четвртиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата се 197 милион евра, пресмета Народната банка. Во целата мината година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 512 милиона евра што е двојно повеќе од претходната 2020 година кога беа речиси 240 милиони евра.

Данокот на додадена вредност на храната да се намали на нула отсто од сегашните 5 проценти, а истото да важи и за ДДВ на парното, и така да биде се до крајот на оваа година. ДДВ на струјата, пак, и после први јули да продолжи да биде 5 отсто, наместо планираното зголемување на 10 проценти после тој дтум. Кога станува збор за акцизта, таа да се намали за 50 отсто кај бензинот и дизелот, и за 100 отсто кај природниот гас.

Останува уште мерката задолжително носење маски во затворени простории за што Комисијата за заразни болести најверојатно ќе разговара на утрешниот состанок. Оттаму велат дека епидемиолошката состојба во Македонија е сосема стабилна, нема никакво преоптоварување на болничките капацитети, бројките на новозаразени постојано паѓаат, но сепак е се уште рано за да се случи целосно укинување на мерките, пред се заради нискиот опфат на вакцинација кој во Македонија е некаде над 41 процент.

На македонскиот туризам ќе му фалат руските и украинските гости, иако не доаѓаа во голем број, но сепак во годините кога секторот е ранлив поради пандемијата, секој гост е важен.

Слично

Поврзани вести