ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трамп и Путин не договорија прекин на огнот, Зеленски ќе патува во САД
НЕМА ДОГОВОР ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА
Претседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, се обратија до светската јавност по историската средба во Алјаска која траеше околу два часа и 45 минути.
По тричасовен разговор, Трамп и Путин се појавија пред новинарите. Двајцата посочија дека е постигнат напредок, но без цврст договор.
ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПАТУВА ВО САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека санкциите за Русија мора да бидат засилени ако не биде договорена трилатерална средба или ако Москва се обидува да избегне чесен крај на војната.
„Санкциите се ефективна алатка. За сите прашања важни за Украина, особено територијални, мора да се дискутира со учество на Украина. Мора да се постигне вистински мир што ќе биде траен, а не само уште една пауза во руската инвазија. Безбедноста мора се гарантира долгорочно, со вклучување и на Европа и на САД“, додал Зеленски.ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НЕ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕ
Во Собранието не поминаа предлог измените на Изборниот законик.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT
