ФАКТОР НА ДЕНОТ: Светските лидери го осудија инцидентот кој се случи во Вашингтон, Трамп вели дека напаѓачот е болна личност
СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ГО ОСУДИЈА ИНЦИДЕНТОТ КОЈ СЕ СЛУЧИ ВО ВАШИНГТОН
Светски лидери го осудуваат насилниот инцидент што се случи синоќа на вечерата со новинарите во Вашингтон.
Канадскиот премиер Марк Карни вели дека е добро што претседателот Доналд Трамп и првата дама, заедно со присутните, се безбедни.
„Моите мисли се со сите оние кои беа потресени од овој вознемирувачки настан“, вели Карни.
Неговиот австралиски колега, Ентони Албанезе, исто така вели дека е задоволен што слуша дека оние на местото на настанот се безбедни.
„Ја поздравуваме работата на Тајната служба и органите за спроведување на законот“, додава тој.МУЦУНСКИ ИЗРАЗИ ПОДДРШКА ЗА САД
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.
Муцунски во објава на Икс истакна дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.
„Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба“, напиша Муцунски на мрежата „Х“.ТРАМП КАЖА ДЕКА НАПАЃАЧОТ Е БОЛНА ЛИЧНОСТ КОЈА МРАЗИ ХРИСТИЈАНИ
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп за напаѓачот кој синоќа пукаше на настан во Вашингтон вели дека е болен човек кој ги мрази христијаните.
Во разговор за „Фокс њуз“, Трамп го опиша настанот како „многу тажна вечер во многу погледи“, но и вечер каде „се собраа многу луѓе“. Ги пофали Тајната служба и полицијата, нагласувајќи дека реагирале „вонредно“.
„Тој влета како играч на американски фудбал, но тие веднаш го запреа. Тој дури и не се приближи до вратата, ниту помина покрај неа“, рече Трамп.
Трамп рече дека станува збор за „болна и многу проблематична личност“ која, како што тврди, „ги мрази христијаните“.