ФАКТОР НА ДЕНОТ: Светот бара одговорност за масакрот во Буча, Русија тврди дека тоа е оркестрирана претстава
УКРАИНА И ДРУГИ ЗЕМЈИ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ЗА МАСАКРОТ ВО БУЧА
Анализата на сателитски снимки на New York Times ги отфрла тврдењата на Русија дека убиствата на цивили во Буча, предградието на Киев, се случило откако нејзините војници го напуштиле градот.
Кога викендов се појавија слики од тела на мртви цивили кои лежат на улиците на Буча - некои со врзани раце, некои со прострелни рани во главата - Министерството за одбрана на Русија ја отфрли одговорноста.Украинската разузнавачка служба го објави список на руски војници „кои извршиле воени злосторства против народот на Украина во Буча“.
Списокот, објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана, вклучува имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови за околу 2.000 војници. Пораката гласи: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторства против цивилното население во Украина“.
Израел за првпат ја обвини Русија за воени злосторства.Франција почна истрага за воени злосторства во Украина против француски државјани.
РУСИЈА УШТЕ ГО НЕГИРА МАСАКРОТ
Настанот во Буча е добро оркестрирана трагична претстава, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој денеска изјави дека какви било обвинувања против Русија во врска со настаните во Буча не само што се неосновани, туку и „добро оркестрирано трагично шоу“.
Песков вели дека треба да размислиме дали за случајот може да се направи независна истрага.
Во Буча во Украина откако руската војска се повлече, најдени се убиени цивили, со врзани раце. Во Буча имаше и масовна гробница.ЈАНАКИЕСКИ ДОБИ 3.5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА „ТОПЛИК“
Eкс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на казна затвор од 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“. Обвинителството го гонеше за злоупотреба на службената положба и овластување.
За истото дело за виновни се прогласени и пет членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за елитниот комплекс „Сончев Град" во скопско Сопиште, при што Томче Ѓурчилов доби казна затвор од три години, додека Димитар Димовски, Надица Тасева, Веса Томчевска и Марица Тасева се осудени на условна казна затвор од две години.ТУПАНЧЕСКИ ПРИЗНА ДЕКА НЕ ГО ПЛАТИЛ ЛЕТОТ
Министерот за правда Никола Тупанчески, за порталот „А1он“ признал дека не ја платил картата за чартер летот и влезот на стадионот во Палермо.
Фактурата за аранжманот односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, по четири дена од одржувањето на натпреварот.
И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
