Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Средбата на Кулеба и Лавров е без резултати, а светот стравуваа од економските последици кои веќе се чувствуваат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Средбата на Кулеба и Лавров е без резултати, а светот стравуваа од економските последици кои веќе се чувствуваат

ЛАВРОВ И КУЛЕБА НЕ ПОСТИГНАА ДОГОВОР

За прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина, се сретнаа министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба. По средбата, двајцата се обратија пред медиумите, но на одделни прес-конференции.

„Како резултат на разговорите се согласивме на тоа, бидејќи сме за секој можен контакт во врска со прашања кои се во коренот на денешната криза во Украина и сакаме да најдеме излез од оваа криза“, рече Лавров.

Тој рече дека треба да се додаде дополнителна вредност на контактите, обвинувајќи ја украинската страна дека ја намалува важноста на преговорите што се водат на руска територија меѓу рускиот и белорускиот претседател.

По состанокот во Анталија, на посебна прес-конференција се обрати и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.

„Би сакал да му се заблагодарам на министерот Чавушоглу што ја организираше оваа средба, тој на некој начин е посредник меѓу украинската и руската страна. Овој разговор беше едноставен од една страна, а тежок од друга страна“, изјави Кулеба.

СИТЕ СЕ ЗАСЕГНАТИ ОД ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ

На берзите нафтата поевтини за дури 13 oтсто. Суровата брент-нафта изнесува 111 долари за барел. 

Ваков пад немало цели две години. Обединетите Арапски Емирати, соопштија дека ќе го зголемат производството на нафта. Снабдувањето од ОПЕК би можело да компензира за некои недостатоци во снабдувањето создадени од нарушување на продажбата на нафта од Русија поради економските санкции.

САД бараат од компаниите поголемо производство на нафта и гас. 

ЛЕБОТ, БРАШНОТО И ЗЕЈТИНОТ ОД ДЕНЕСКА ПО НАБАВНА ЦЕНА

Белиот и полубелиот леб, сончогледовото масло за јадење и брашното од пченица тип 400 од денеска трговците мора да ги продаваат по набавна цена, односно без профитна маржа. 

Министерството за економија денеска информираше дека профитите маржи за основните производи се намалуваат кај трговијата на големо од 10 на 4 и кај трговијата на мало од 5 на 3 отсто.

На листата на производи повеќе не е вклучено овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи за шеќерот, трајното кравјо млеко, свежо месо, сирење, урдата, македонскиот ориз, јајца, шпагети и макарони. 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на брифинг со новинарите рече дека Владата донела одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед затоа што од почетокот на март надвор биле продадени 330 тони од овој продукт произведен во Македонија.

ДЕНЕС ИМА 318 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп – по 18, Кичево – 14, Куманово – 12, Кавадраци и Охрид – по 10, Ресен – 9, Гостивар – 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар - по 2, Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1.

ЈАНАКИЕСКИ ДОБИ ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНА КАЗНА

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и двете други лица обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело, по што добија условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Двете лица биле членови на Комисијата за јавни набавки, а според обвинението, осудените фаворизирале економски оператор при набавка на набавка на двокатни автобуси.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во трговските центри од денеска ќе се влегува без да се поседува, односно да се прикаже сертификат за вакцинација, откако вчера Владата ја укина мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови.

Јавните набавки ги вршел исти човек кој требало и да ги контролира, и притоа тој бил ангажирам со договор на дело, немало пишани процедури за внатрешни контроли, или, се на се, немало рационално трошење на буџетските средства. Немало евиденција за работното време и прекувремената работа, а биле склучувани и договори на дело кои не биле во согласност со законските одредби.

Новата методологија по која се пресметуваат цените на нафтените деривати, има за цел да ги заштити потрошувачите, но и трговците, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Во насока на заштита на потрошувачите е и намалување на маржите на трговците за 33 отсто.

Слично

Поврзани вести