Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите чекаат дали Украина и Русија ќе се договорат, Макрон споменува војна во Европа, а Вучиќ добил чудни информации за регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сите чекаат дали Украина и Русија ќе се договорат, Макрон споменува војна во Европа, а Вучиќ добил чудни информации за регионот

СИТЕ ЧЕКААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Напорните преговори за ставање крај на војната во Украина веќе поминаа низ неколку рунди, а во средата се чинеше дека конечно е постигнат напредок. Двете страни, наводно, направиле „пробен мировен план“.

Така, позитивни сигнали дојдоа и од Москва и од Киев, но сè уште има стотици пречки на патот кон мирот.

Ова се некои од клучните точки околу кои се расправаат двете земји.

МАКРОН ЌЕ ЈА ЈАКНЕ АРМИЈАТА

Kaко што пренесуваат светските медиуми, францускиот претседател Емануел Макрон не исклучува почеток на голема војна во Европа. 

Тој вели дека мора повеќе да вложуваат во армијата. 

„Нашите сили се единствената полноправна армија на европскиот континент. Мораме да се подготвиме за можен вооружен конфликт со висок интензитет и да ги зголемиме инвестициите во армијата“, рече тој.

ВУЧИЌ ДОБИЛ ЧУДНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕГИОНОТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека добил чудни информации за регионот, но вети дека Србија ќе го сочува мирот. 

Како што пишуваат српските медиуми, Вучиќ открил дека добил некои чудни информации на Телеграм во текот на попладневните часови.

СОНК НАЈАВИ ШТРАЈК

Масовен јавен протест или генерален штрајк на вработените во образованието, најави претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес конференција.

Протестот ќе се активира доколку надлежните институции, Владата и Министерството за труд и социјална политика не ги прифатат барањата на синдикатите за усогласување на платите на вработените во образовната дејност. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви на 4 март додека воениот конфликт во Украина беше во ек, на „Лукоил“ му исплатила 30.000.000 денари, или безмалку половина милион евра за дизел гориво.

Испразнети рафотви на полиците во маркетите...се купува масло за јадење на големо, брашно, тестенини, шеќер...Колони возила да се наполни гориво во автомобилите, но и да се остави мала резерва во канистри од по 10 литри.

Ако војната во Украина потрае, големи се шансите дека луѓето кои заминаа како бегалци во Полска, Словачка и во други земји, ќе станат евтина работна сила и ќе ги пополнат работните места за кои претходно работодавачите барале или  „увезувале“ работници.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и натаму продолжува да исплатува пензии на починати лица, поради што оваа важна финансиска институција за државата, и натаму трпи огромни финансиски штети. Од друга страна, Фондот нема доволно контролни механизми како тоа да го спречи, ниту присилни механизми како да си ги наплати штетите настанати по овој основ. 

Слично

Поврзани вести