Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седми ден се војува во Украина, Русија објави дека има 500 загинати војници, а Украина тврди дека се 7.000

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Седми ден се војува во Украина, Русија објави дека има 500 загинати војници, а Украина тврди дека се 7.000

СЕ БРОЈАТ ЖРТВИ ВО УКРАИНА 

Руската страна објави колкави загуби има откако ја почна инвазијата на Украина на 24-ти минатиот месец. 

Скоро 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина, информираа официјални лица од одбраната на Русија.

„Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“, тврди руското Министерство за одбрана. 

Русија објави дека со Украина ќе разговараат и за прекин на огнот. 

Оваа точка ќе биде на дневен ред на новите руско-украински преговори кои треба да се одржат рано наутро. 

Преговорите ќе започнат во утринските часови недалеку од границата со Полска. 

Голема експлозија го потресе украинскиот главен град Киев, при што може да е погодено централното греење. 

На итното заседание на генералното собрание на ОН, 141 земја од вкупно 193 гласаа „за“ резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина, пет беа „против“, додека 35 апстинираа од гласањето, вклучувајќи ја и Кина. 

СРБИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ПЧЕНИЦА И ПЧЕНКА ЗА МАКЕДОНИЈА

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Србија на Македонија ќе и испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. 

Вучиќ ова го кажа во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, јави дописникот на МИА од Белград. Вели дека Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.

„Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ“, изјави Вучиќ.

ФРЧКОСКИ ЌЕ БИДЕ АМБАСАДОР ВО ОН

Шефот на државата, Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

Во образложението од Кабинетот на Пендаровски пишува дека указот е потпишан затоа што сите законски услови се исполнети. На именувањето на Фрчкоски се противеше ВМРО-ДПМНЕ, блокирајќи ја работата на собраниската комисија за надворешни работи, каде Фрчковски требаше да ги презентира своите тези за оваа позиција.

ЗА ВО МОЛОВИТЕ НЕМА ДА СЕ БАРААТ КОВИД СЕРТИФИКАТИ

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укине задолжителното поседување на сертификати за вакцинација за влез во моловите.

„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Акционерското друштво во државна сопственост за давање услуги на воздухопловна навигација ги враќа „големите бруто плати“ од пред-ковид периодот поради стабилизацијата на воздухопловниот сообраќај, покажува финансискиот план на М-НАВ за 2022.

Нема безбедно место во Украина. Украинците веќе не ги ни бројат деновите од почетокот на воената инвазија на руските сили. Директно од Киев разговараме со Денис Ганза, основач на „Платформата за јавна дипломатија“. Ганза за Фактор.мк сведочи дека ситуацијата е многу опасна, постојано има бомбардирања, вклучувајќи и цивилни мети. Смета дека заканата не е само врз Украина, туку и врз цела Европа и слободниот свет.

Бројот на бегалци од Украина се поголем. Се проценува дека само за четири дена, од почетокот на војната, земјата ја напуштиле повеќе од половина милион луѓе. Во услови кога пандемијата на корона вирусот не е завршена, многумина стравуваат и од можно пролонгирање на крајот на Ковид-19, токму поради масовното движење на стотици илјади луѓе од една земја во друга. 

На последниот ден од февруари, граѓаните побрзаа да направат залихи од брашно, а млиновите во истиот ден продале и по неколку тони повеќе од вообичаените количини.

Тања Милисковиќ e првиот вработен во најголемата странска инвестиција во Македонија за последните десет години „Кромберг и Шуберт Македонија“. Таа сега е Регионален управител за Македонија, фабриката во Битола и за Србија, фабриката во Крушевац, но и успешна жена менаџер .

Воената агресија на Русија врз Украина, веќе е сосема извесно, дека дефинитивно ќе ги зголеми цените на сите производи, почнувајќи од енергенсите, па до сите основни животни намирници. Експертите велат дека колку повеќе или помалку ќе потраат воените дејствија, толку поголеми или помаали ќе бидат последиците врз економијата.

Слично

Поврзани вести