Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се стравува дека борците од Азовстал ќе бидат погубени, Русија објави снимка од нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се стравува дека борците од Азовстал ќе бидат погубени, Русија објави снимка од нив

Неизвесност за борците од Азовстал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки службеници се надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски. Русија и Украина споменаа договор според кој војниците би можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни.

Русија објави снимка од болница со борците од Азовстал. 

Министерството за одбрана објави снимка за која тврди дека покажува дел од ранетите украински војници што се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во последните два дена. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.

Генчовска не отстапува

Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, вака министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска возврати на изјавата на шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

„Позицијата на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ е јасна и нема начин да се смени претстојниот Совет за општи работи“, изјави  Генчовска.

Eвропратеникoт Ангел Џамбаски смета дека поранешниот македонски премиер и ко-основач на новиот Клуб за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, Љубчо Георгиевски „е впрегнат да трча напред-назад за да го објасни новиот наратив“.

Брнабиќ ја поздрави одлуката на СПЦ

Српската премиерка Ана Брнабиќ, која заедно со премиерот Димитар Ковачевски, учествува на Самитот Македонија 2025 во Скопје, ја поздрави одлуката на Соборот на СПЦ за канонското единство со Македонската православна црква, односно „Охридска архиепископија“ и решавање на спорот кој датира од 1967 година,

- За меѓуцрковните прашања јас како претседател на Влада не можам да коментирам, но чувствувам голема благодарност кон Српската православна црква и до неговата светост Патријархот Портфириј  за нивната подготвеност да разговараат за сите отворени прашања со цел тие да се решат, бидејќи сето тоа ќе придонесе за поголема регионална стабилност и за што подобра иднина на нашите народи, рече Брнабиќ на барањето на медиумите да даде коментар.

Читајте уште

Плати над 50 илјади денари, па дури и ако конкурирате без работно искуство.

Во мноштвото огласи кои излегуваат за вработување во државниот сектор, во кои платите не се нешто особено високи и се движат дури и под минималната, па едвај до некои 35 илјади денари, деновиве се појавија и такви во кои оние што ќе конкурираат за работните места, ќе носат навистина примамливи примања.

Цели две и пол години од пандемијата на корона вирусот единствената земја во светот која не пријави ниту еден случај на заразен, сега се соочува со вистинска катастрофа. Северна Кореја, според Светската здравствена организација, претставува ризик од нови мутации на вирусот, пред се  заради тоа што во земјата нема ниту вакцини против ковид-19, ниту пак имаат силен здравствен капацитет за да се изборат успешно со инфекцијата. 

Во последите две години и неколку месеци Царинската управа изготвила решенија за безмалку 20 милиони евра како дополнителна наплата на акцизи плус камата за увоз на горива од нафтените трговци за периодот од 2014 до 2019 година.

Во ова тешко време и во период што не е градежна сезона, најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ успеа да ги зголеми приходите за 10 отсто и кварталот да го заврши на позитивна нула.

Слично

Поврзани вести