Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: САД ја нападнаa Венецуела и го заробија Николас Мадуро со сопругата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: САД ја нападнаa Венецуела и го заробија Николас Мадуро со сопругата

САД ЈА НАПАДНАА ВЕНЕЦУЕЛА И ГО ЗАРОБИЈА МАДУРО 

Министерството за правда на САД објави ново обвинение против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, а овој пат oпфатени се и неговата сопруга и син. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговиот венецуелски колега Николас Мадуро е на пат кон Њујорк, каде што ќе се соочи со сериозни обвиненија за „наркотероризам“.

Се тврди дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле венецуелските институции во жариште на корупција во трговијата со дрога, сè за своја корист. Според обвинението на Министерството за правда на САД, венецуелската државна елита со децении е вклучена во масовна трговија со дрога.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД привремено ќе „управуваат“ со Венецуела по апсењето на претседателот Николас Мадуро, сè додека, како што кажа, не се овозможи „безбедна, соодветна и разумна транзиција на власта“.

Трамп ја пофали американската војска и, како што ја нарече, „вонредната операција“ спроведена во саботата во венецуелската престолнина Каракас, под кодно име „Absolute Resolve“.

МУЦУНСКИ ЈА ПОЗДРАВИ АКЦИЈАТА НА САД

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја поздрави акцијата на САД во која е заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро. 

Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.

„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува Муцунски.

СТИВЕН ИВАНОВСКИ Е МЕЃУ ЖРТВИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна при катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. 

По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.

Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.

ПРОНАЈДЕН Е ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИ НА ПЕЛИСТЕР

Пронајден е планинарот од Прилеп по кој се трагаше на Пелистер.

„Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле“, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во 2024 година, македонските домаќинства во просек консумирале по еден килограм костени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).

Слично

Поврзани вести