ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русите гранaтираа објекти во Харков и Киев, има и цивилни жртви
НАПАДИ ВО КИЕВ И ХАРКОВ, ИМА ЖРТВИ
Уништен e конзулатот на Словенија во украинскиот град Харков.
Мати Масикас на Твитер објави видео на кое се гледа експлозија на зградата во која се наоѓа конзулатот. Конзулатот на Словенија е уништен во денешниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас. Во Харков имаше и цивилни жртви. Истото се случи и во Киев.
Нови жртви има во Киев.
Пет луѓе загинаа, а пет се повредени откако руските сили ја ракетираа главната ТВ-кула во Киев, објави агенцијата „Интерфакс“. Украинското Министерство за одбрана потврди дека кулата била цел на нападот, но нејасно е дали таа била погодена или околни објекти. По кратко време, сигналот на украинските ТВ-канали е повратен.УПАТЕНИ ПОВИЦИ ЗА СМИРУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика Украина и Русија веднаш да престанат со борбите и да „придонесат за мирот во светот“.
Ердоган рече дека Анкара не се противи на проширувањето на НАТО и на ЕУ. Вака турскиот претседател го искоментира барањето на Украина да биде примена во ЕУ.МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ УСПЕЛЕ ДА ЗАМИНАТ ОД ХАРКОВ
НАФТАТА ПОСКАПУВА
И денеска расте цената на нафтата.
На меѓународните пазари цените се искачија до 106 долари.
Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.Поминаа само 5 дена од руската инвазија на Украина, но војната веќе и го нанесе првиот сериозен удар на регионалната економија.
Од четвртокот ниту еден брод со арматурно железо не ја напушти Русија или Украина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
