ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија споменува поделба на Украина, САД порача дека ако Путин употреби хемиско оружје ќе има одговор
ЗАХАРОВА ВЕЛИ ДЕКА УКРАИНА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОИ ВО СВОИТЕ ГРАНИЦИ
Русија порачува дека раководството во Киев ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници.
Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави руската агенција „Интерфакс“.
„Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина“, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи.
Вели дека таа шанса ја добиле во 2014 и 2015 година.АКО ПУТИН УПОТРЕБИ ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ, САД ЌЕ ОДГОВОРИ
Ако Русија ја нападне Украина со хемиско оружје, САД ќе одговори.
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Брисел, по повод потенцијалната руска употреба на хемиско оружје во Украина, изјави дека природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата на тоа оружје.
Зборувајќи за тоа дали тоа ќе предизвика директна интервенција на НАТО во Украина, Бајден рече дека тоа „ќе го предизвика истиот одговор“, пренесува Би-Би-Си.ИМА 281 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.АПЕЛ ЗА ДОНАЦИИ ЗА ДЕВОЈКАТА КОЈА БЕШЕ ЗАСТРЕЛАНА ВО ЧИКАГО
Повредената девојка која вчера беше застрелана во Чикаго, а која по потеко е од Македонија е Ана Бранковиќ Јовановиќ. Таа има 31 година и во Чикаго била неколку години, а вчера беше застрелана на работно место во ресторанот во Бур Риџ во Чикаго. На социјалните мрежи се појави апел за донации за Ана.
Таа се наоѓа на интензивна нега, а е повредена со три куршуми во ногата, во рамото и во раката.НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Повторно имаме поскапување на горивата, а објавен е новиот ценовник.
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на:ЧИТАЈТЕ УШТЕ
