Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија ја нападна Украина, се бројат жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија ја нападна Украина, се бројат жртви

РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА, САД ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, МАКРОН БАРА ПУТИН ДА ЗАПРЕ

Русија утрово ја нападна Украина, а во текот на денот ги испорача барањата за кои би преговарале. 

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски фокусирајќи се на гаранциите за неутрален статус и ветувањето дека нема да има оружје на украинска територија.

„Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина“, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков.

Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување демилитаризација и денацификација на Украина и ќе го елиминираат она што Русија во моментот го смета за закана за безбедноста на руската држава и народ.

„Претседателот ја формулира својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје“, рече Пешков.

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски вели дека Украина не сака војна, туку мир. 

Украина предлага да се врати на патот на барање мирно решение за сегашната ситуација. 

„Сакаме да нагласиме дека Украина не зачекори на патот на војната, туку Украина предлага враќање на патот на барање мир“, рече Зеленски во видеопораката објавена на неговиот профил на „Телеграм“, а пренесува ТАСС.

Тој посочи дека против Русија веќе почнале да важат најмоќните санкции во светската историја, поради инвазијата на Украина.

Aмериканскиот претседател Џо Бајден најави дополнителни санкции коишто „ќе наметнат сериозен притисок и штета за руската економија“ по нејзината инвазија врз Украина.

Новите санкции ќе бидат насочени кон руските банки, олигарси и високо-технолошки сектори. 

Од Елисејската палата соопштија дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ги прекине воените операции во Украина во телефонски разговор. 

СЕ БРОЈАТ ЖРТВИ

57 луѓе загинаа, а 169 се ранети откако Русија денеска изврши напад врз Украина. Податоците ги соопшти министерот за здравство на Украина, Виктор Љашко.

„Во тие бројки се вклучени војници и цивили“, изјави Љашко.

Тој додаде дека и болниците и здравствените работници биле погодени од рускиот напад. 

„Жртви има и меѓу здравствените работници“, изјави украинскиот министер.

МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УКРАИНА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа рече дека амбасадата во овие тешки услови се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле Украина, а од денеска тоа ќе оди и потешко поради воената ситуација. Не прецизираше дали Македонија ќе прати војници, ако се активира членот 5, односно доколку Русија напредува кон територијата некоја од земјите членки.

„Нашиот амбасадорот таму е со екипата и како се активираат алармите за воздушни напади, дадов инструкција да ја напуштат земјата и да одат во соседните држави. Тој моментално е во скривница“, вели Османи. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Потона цената на акциите и на Македонска берза. Поради силниот пад, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути, по што купувањето и продажбата продолжија во 12:54:00 часот.

Нападот на Русија врз Украина исклучително лошо ќе се одрази врз глобалната економија, а тоа секако дека силно ќе го погоди и македонскиот бизнис.

Веќе втор месец како важат законите со кои работниците добија право да одмараат во недела, освен оние неколку дејности кои се одредени како исклучоци, па веќе испливаа на виделина и некои газди кои не сакале да ги исплатат зголемените дневници кои се одредени со новата законска регулатива. 

Штипјанец регистрирал компанија со име „Актива Аутомотиве“ во обид да го исползува брендот на една од најголемите компании во Македонија позната по изработка на челични конструкции.

Руско-украинската криза стана реалност, а светот се соочува со низа предизвици кои произлегуваат од конфликтот кој е се само не конфликт меѓу две земји

Слично

Поврзани вести