Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија и Украина преговараа, но се договорија само за коридор за излез на цивили

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија и Украина преговараа, но се договорија само за коридор за излез на цивили

КИЕВ И МОСКВА СЕ ДОГОВОРИЈА САМО ЗА КОРИДОР ЗА ИЗЛЕЗ НА ЦИВИЛИ

Заврши вториот круг на преговори меѓу Русија и Украина, а има договор само за хуманитарен коридор. 

Киев и Москва се договорија да продолжат со преговорите, и се планира третата рунда да се одржи што е можно поскоро. 

„Министерствата за одбрана на Русија и Украина го договорија форматот на коридорот за излез на цивили“, изјави помошникот на рускиот претседател Владимир Медински по втората рунда преговори меѓу Москва и Киев.

Киев не ги добил резултатите на кои сметала украинската страна при преговорите со Русија.

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОВИКА ПУТИН ДА ПРЕГОВАРААТ

Испратете ни воени авиони бидејќи следна цел на напад ќе бидат балтичките земји, вели украинскиот претседател Влодомир Зеленски. 

Тој бара западните сили да пратата авиони, и вели дека ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија. 

„Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш испратете воени авиони, бидејќи ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија“, рекол Зеленски.

Тој го повика Путин на разговор со него, но не на оддалеченост од 30 метри како со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Инаку, Макрон се слушнал со Путин и вели дека за Украина допрва доаѓа најтешкото. 

ИМА НОВИ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ

Нов црн биланс во Украина.  Над триесет и три луѓе загинаа денеска во руски напад врз две училишта и станбени згради во северниот украински град Чернигов, соопшти украинската служба за спасување.

Спасувачите уште трагаат по жртвите и преживеаните под урнатините.

АМБАСАДОРОТ КРУМ ЕФРЕМОВ СЕ ВРАЌА ВО УКРАИНА

Министерството за надворешни работи(МНР) испраќа дипломатска екипа во Украина. 

Во оваа земја заминува актуелниот амбасадор Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

Досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во време кога вниманието на целата јавност е насочено кон војнта во Украина и стравувањето од последиците како тоа ќе се одрази во земјава, пред се во снабдувањето со храна и енергенси и колку ќе се зголемат цените, Владата е насочена и кон пополнување на неколку директорски места.

Војната во Украина ќе ги зголеми цените на вештачките ѓубрива, кои се неопходни за земјоделското производство.

Компанијата со која раководи креираше софтвер за човечки ресурси, единствен од ваков вид во земјава. Приказната датира од 2019 година, период од кога постои и ВИДНЕТ Солушнс – во интервју за Фактор Дарко Мицкоски главниот извршен директор на компанијата вели дека овој софтвер овозможува зголемување на продуктивноста и задоволството, значително го скратува времето за администрација и ги поедноставува работните процеси во фирмите.

Скопската челичарница имаше извонредна година, рекордна добивка и најдобар резултат. Како во старите времиња на скопката Железара, лани „Макстил“ направи извоз вреден 107 милиони евра и добивка од речиси 14 милиони евра

Слично

Поврзани вести