Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Путин ужива на концерт додека се шират вести дека Пригожин загина, Вагнер излезе со обвинувања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Путин ужива на концерт додека се шират вести дека Пригожин загина, Вагнер излезе со обвинувања

РУСКИ И СВЕТСКИ МЕДИУМИ ОБЈАВИЈА ДЕКА ПРИГОЖИН ЗАГИНАЛ

Рускиот претседател Владимир Путин е на концерт, додека се шират информации дека загинал шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин во авионска несреќа. 

Тој учествува на настан посветен на 80-годишнината од победата на советските трупи во битката кај Курск.

Некои експерти сугерираат дека тој би можел да стои зад несреќата во која загинаа 10 луѓе. Летово Пригожин се обиде да направи пуч во Русија.

Дмитриј Уткин, ветеран од чеченските војни и поранешен командант на специјалната единица на руската разузнавачка служба ГРУ се тврди дека бил еден од десетте патници во авионот кој се урна во Русија. 

Ова го јавуваат телеграмските канали поврзани со приватната воена компанија Вагнер. Уткин е препознатлив е по нацистичките тетоважи. 

СО СЕКОЈ ПРАТЕНИК СЕ РАЗГОВАРА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека се разговара со секој пратеник за уставните измени.

Рече дека сега одговорноста е кај пратениците. Тој посочи дека една од клучните цели на државата е членството во Европската Унија(ЕУ), пат кој што, како што вели нема друга алтернатива.

ВО КУМАНОВО ПОСТАВЕНО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ДИВО НАСЕЉЕ

Во кругот на СВР Куманово, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во присуство на семејствата на загинатите припадници од ЕБР и САЕ „Тигар“, откри спомен-обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановското Диво Насеље.

Во своето обраќање Спасовски потсети на кумановските настани од 2015 година.

НА ИЗБОРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА СО СТАРИ ДОКУМЕНТИ

Остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Прашан дали со старите лични документи ќе може да се гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори, рече дека сега воопшто не се поставува тоа прашање.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Централната банка бара четири лица кои би сакале да му се придужат на тимот. 

Климатизерите во последниве два месеца, особено во периодот на африканскиот топол бран се најупотребуваните апарати во секоја компанија, домаќинство и разни други објекти. Но, голем дел научни истражувања од здравствената област покажуваат дека постојаното седење во климатизирани простории може во голема мера да го наруши здравјето на луѓето.

Слично

Поврзани вести