Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжуваат нападите во Украина, Путин се правда дека морал да реагира, но и дека има единство

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжуваат нападите во Украина, Путин се правда дека морал да реагира, но и дека има единство

ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ВО УКРАИНА

Во украинскиот град Лавов се поставени 109 колички за 109 убиени деца на главниот плоштад. 

Канцеларијата на главниот државен обвинител објави дека досега се повредени најмалку 130 деца во земјата. Русите погодија 439 училишта, а 63 се целосно уништени.

Грција ќе го обнови бомбардираното родилиште во украинскиот град  Мариупол. 

Ова го соопшти грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис. Мицотакис на Твитер напиша дека Грција е подготвена да ја обнови болницата што е во градот- центар на грчко малцинство во Украина и „симбол на варварството на војната“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ако Русија не биде запрена сега, ако Русија не биде казнета сега, другите агресори во светот ќе започнат други војни. Според него, тоа ќе се случи во различни региони во светот, на различни континенти, односно секаде каде што една држава сонува да ги освои соседите.

Граната погоди станбена зграда во украинскиот главен град Киев, која пак е лоцирана близу до градинка и училиште. 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска во живо се јави на социјалните мрежи од урната петкатница во градот.

Украинските цивили го славеа доаѓањето на руската армија, тврди рускиот претседател Владимир Путин. Тој кажа дека имало геноцид во Донбас и затоа морал да реагира. 

ПЕНДАРОВСКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО ГО ПОМИЛУВАЛ ФЕТА АЛИМИ

Претседателот Стево Пендаровски вели дека групните помилувања ги дава кога Министерството за правда доставува список на предлози добиени од казнено-поправните домови. Ова следува откако на неговиот последен список се најде Абдулфета Алими 

Шефот на државата тврди дека Фета, осуден на шест години затвор како обезбедување во Собранието кога се случија настаните на 27 април 2017, е само делумно помилуван од осум месеци, а обично таков акт се носи во случаи кога граѓаните кои бараат помилување имаат за отслужување уште неколку години од казната

БОКИ 13 ДАДЕ ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје во завршните зборови рече дека е горд што бил претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз”, која, како што нагласи, не добила ниту еден денар државни пари, туку финансирањето било од бизнис секторот, пренесува МИА.

Јовановски изјави дека е горд на два потпишани договори, кои, според него, се општествено корисни и од капитално значење за државата.

ДЕНЕС ИМА 319 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2, Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во април работниците ќе земат минимална плата од 18.000 денари, но паралелно се случи бран поскапувања, па затоа да пресметаме што и колку можеме да купиме со таа сума.

Ќе им се зголемуваат бодовите на дел од собраниските службеници, со цел нивните плати да ја достигнат, односно да се усогласат со минималната плата, откако таа на износ од 18 илјади денари стартува веќе од мартовската плата за оваа година.

Годинава нема да се менува даночниот модел, но се понеизвесно е дали тоа ќе се случи и по 1 јануари 2023 година кога истекува тригодишниот период во кој беше замрзнато прогресивното оданочување. 

Поранешниот пратеник на СДСМ, Драган Ѓорѓиев од Ново Село, во екот на „зелената транзиција“ ја регистрираше и третата компанија за еден месец за производство на електрична енергија во кои тој е ко-сопственик.

Слично

Поврзани вести