ФАКТОР НА ДЕНОТ: Примирјето во Мариупол не беше испочитувaно, а во Киев е убиен еден од преговарачите поради предавство
ПРИМИРЈЕТО ЗА ИЗЛЕЗ НА ЦИВИЛИ НЕ БЕШЕ ИСПОЧИТУВАНО
Евакуацијата од украинскиот град Мариупол е прекината, а властите тврдат не е безбедно поради руското гранатирање на градот.
На жителите им е порачано да се вратат во засолништата и да чекаат информации за следните чекори.
Украинската влада веќе разговара со руските претставници за прекршувањето на примирјето.Во украинскиот град Мариупол, луѓето топат снег и собираат дождовница затоа што немаат вода. Ова го раскажа вработен во хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Нема вода, струја, греење и сигнал за мобилни телефони, а аптеките се без лекови.Бебе загина во гранатирањето во украинскиот град Мариупол.
Марина Јацко, заедно со нејзиното момче, Федор, итно се упатиле во болница, откако нејзиниот 18-месечен син Кирил бил ранет во гранатирањето.ВО КИЕВ Е УБИЕН ЧЛЕН НА УКРАИНСКИОТ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ
Украински и руски медиуми објавуваат дека Денис Киреев, член на првата преговарачка делегација на Украина во Гомел, ноќеска е убиен во Киев, наводно заради предавство.
Информацијата на својот Телеграм канал прв ја објавува поранешниот член на Слуга на народот, и се уште актуелен пратеник во украинскиот парламент, Александер Дубински.ДЕНЕС ИМА 370 КОВИД ПОЗИТИВНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.148 тестови, а регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 225, Битола – 24, Прилеп – 23, Кавадарци – 14, Куманово и Велес – по 11, Тетово – 9, Охрид и Кичево – по 6, Гостивар – 5, Струмица, Штип и Ресен – по 4, Неготино – 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.