Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Падна дрон во Хрватска, а Украина се плаши дека Белорусија може да ја нападне

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Падна дрон во Хрватска, а Украина се плаши дека Белорусија може да ја нападне

ДРОН ПАДНА ВО ХРВАТСКА

Летечки објект доцна синоќа се урнал во Загреб, а според експертот за експлозии, Тајлер Рогавеј, тоа би можело да биде извидувачкиот дрон Ту-141 „Стриж“.

Рогавеј, кој е експерт за воена авијација и уредник на порталот „Воена зона“, како што тврди за „Јутарњи лист“, детално ги проучил фотографиите од остатоците од леталото од Загреб и заклучил дека речиси сигурно се работи за дрон.

- Цврсто верувам дека се работи за извидувачки дрон кој личи на ракета. Веројатно сериозно се расипал, ја прелетал цела Унгарија и на крајот се урнал во Загреб - вели Рогавеј и презентирал повеќе докази дека дронот пристигнал во Хрватска од воената зона, односно од Украина.

Иван Селак, пензиониран хрватски воен пилот, во интервју за Нова ТВ ја коментираше синоќешната несреќа во Загреб.

Самиот тој е шокиран од фактот што леталото незабележано летало низ воздушниот простор на членките на НАТО. И тој е сигурен дека НАТО наскоро ќе објави дека авионот не бил незабележан, но убеден е дека тоа не е така.

 Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ кој даде изјава од пред Версајскиот дворец, каде што учествува на состанокот на светските лидери за ситуацијата во Украина и последиците од војната врз земјите членки, вели дека Дронот е од руско производство, но се уште не се знае дали е од руската или украинската армија, пренесува Jutarnji.hr.

УКРАИНА СТРАВУВА ДЕКА БЕЛОРУСИЈА ЌЕ ЈА НАПАДНЕ

Украинците стравуваат од нова инвазија и велат дека во 21 часот ќе ги нападне Белорусија. 

Украинскиот центар за стратешки комуникации информираше дека не може да ја исклучи можноста Белорусија да изврши инвазија на Украина во следните два часа.

„Според прелиминарните податоци, белоруските трупи може да бидат вовлечени во инвазија на 11 март во 21:00 часот (19.00 часот по Гринич)“, се вели во соопштението на центарот.

Украина ја обвини Русија дека се обидува да ја вовлече Белорусија во војната. 

Киев ја обвини Москва дека пукала во населба во Белорусија во близина на границата со Украина во обид преку „лажно знаме“ да го привлече Минск да се приклучи на војнат

КАЗНЕТИ ФИРМИ КОИ НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛЕ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА

Само во главниот град денеска се казнети седум фирми поради непочитување на владините мерки. 

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7.000 евра за непочитување на владините одлуки.

„Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата“, објави Бектеши. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Можна ли е нуклеарна војна? Ако инвазијата во Украина делуваше изненадувачка и невозможна, повеќе ништо не е исклучено иако е малку веројатно. Но, да навлеземе подлабоко. Кои се причините на Путин за освојување на нуклеарните централи во Украина и зошто стравот од нуклеарна закана се наведува како една од основните причини за воената интервенција.

Компaниите кои се занимаваат со превоз на патници, или веќе редуцираат линии поради високите цени на нафтените деривати,  или пак најавиле дека ќе отпуштаат работници.

Народната банка на Македонија престана да формира и да објавува среден курс на денарот во однос на руската рубља. Причина за ова е одлуката на Европската централна банка која на почетокот на месецов соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото. 

Жестока реакција кај трговците со деривати предизвика најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика - да ја намали нивната маржа за 33 проценти, односно од 4,5 на три денари.

Со акредитираната мобилна државна лабораторија минатата година Државниот пазарен инспекторат направил десетина надзори на квалитетот на бензинот и дизел горивото наменети за малопродажба. Двата полугодишни извештаи на ДПИ велат дека немало отстапување при контролите на примероците.

Одлуката за забрана на извозот на неколку производи кои стапи на сила денеска ќе трае само десет дена. Министерот за економија Крешник Бектеши соопштувајќи ја одлуката образложи дека во тој период ќе биде подготвен динамичен план за увоз на овие производи за да се задоволат сите потреби. Владата на последната седница донела одлука да го забрани извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Еден ден претходно Владата го ограничи извозот на масло за јадење. 

Слично

Поврзани вести