ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нападнато складиште за нафта во Русија, Украина негира дека стои зад нападот
РУСИЈА ОБВИНИ, А УКРАИНА НЕГИРА ДЕКА НАПАДНАЛА СКЛАДИШТЕ СО НАФТА
Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков, ја обвини Украина за напад на складиштето за нафта во градот.
Според социјалните мрежи, два украински хеликоптери Ми24П кои летале со низок лет над целата територија на Донбас нападнале со невидени проектили и ракети PO складиште за нафта во областа Белогород.Украинските власти негираат дека го нападнале руското складиште.
Секретарот на Советот за безбедност Алексеј Данилов вели дека тие немаат врска со нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.
„Од некоја причина велат дека ние сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не одговара на реалноста“, рече тој.AНГЕЛ ДИМИТРОВ ВЕЛИ ДЕКА ТЕМАТА ЗА ЦАР САМОИЛ Е ЗАТВОРЕНА
Tемата Цар Самоил е завршена, велат бугарските историчари.
Договорено е негово заедничко чествување, додека пак темата за револуционерот Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку има време на денешниот ден од состанокот.
Бугарските историчари сметаат дека е постигнат напредок и прогрес во разговорите и работата на мешовитата историска комисија. Оваа информација ја споделија пред денешниот состанок.ИМА 201 ЗАРАЗЕН СО КОРОНА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.МПЦ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПОПИСОТ
Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), изрази сомневање во резултатот од пописот во делот за религиозната припадност каде сметаат дека постои сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението.
Како што се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, според применетата методологија во графата „религиска припадност“, верниците се изјаснувале како христијани, но не им било дополнително предочено дека може да се изјаснат дополнително како православни во подгрупа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
