ФАКТОР НА ДЕНОТ: Израелски тенк погоди цели во Египет и повреди граничари, се стравува од ескалација
ИЗРАЕЛСКИ ТЕНК ПОГОДИ ЦЕЛИ ВО ЕГИПЕТ
Се огласи и египетската војска, откако израелски тенк случајно погоди цели на нивна територија. Велат дека граничари добиле лесни повреди откако ги погодиле фрагменти од гранатата испукана од израелскиот тенк.
Израел жали за инцидентот. Позицијата се наоѓа во областа Керем Шалом, близу границата.ИМА ПОВИЦИ ЗА НАПАДИ НА ИЗРАЕЛСКИ И АМЕРИКАНСКИ ЦЕЛИ
Терористички групи повикуваат на напади на американски и израелски цели.
Ал каеда и ИСИС ги повикаа своите следбеници да напаѓаат израелски, американски и еврејски мети.
Во неодамнешно соопштение на Ал шабаб, моќна подружница на Ал каеда во Сомалија, се наведува дека конфликтот на Блискиот Исток не е само „битка на исламските фракции во земјата Палестина туку битка на целиот муслимански свет“.ГРУЕВСКИ СО СТАВ ЗА ЗАПЛЕНЕТИОТ ИМОТ
Ништо не е запленето и национализирано од мене, пишува на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски.
Тој даде свое видување за настаните кои се актуелни деновиве за становите. Груевски обвинува дека власта со притисоци, уцени и политички прогон натерала бизнисмени да кажат дека нивниот имот е негов или бил наменет за него.
„Двајцата иако на почетокот имаа коректни изјави кои ја отсликуваа вистината, подоцна под притисок на обвинителството ги сменија дијаметрално спротивни изјавите и за возврат добија симболични казни, а третиот имаше својство на сведок кој иако уценет и под притисок кажа дека во неколку пати сме се среќавале и никогаш со мене воопшто не разговарал за станови или земјишта, а уште помалку давање или земање пари од мене, и се му кажувале други лица дека тоа наводно било наменето за мене, а тие други лица негираа пред судот, дека е тоа вистина.ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО БИТОЛА И НАЗАД ЌЕ ИМА САМО ЕДНАШ ДНЕВНО
Се намалуваат линиите со воз од главниот град кон Битола. Возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат само еднаш дневно. Ова стапува на сила деновиве.
Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците од среда ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола.foto EPA
