Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес е 39-ти ден од војната во Украина, убиени цивили има во Буча, Русија ги отфрла обвинувањата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес е 39-ти ден од војната во Украина, убиени цивили има во Буча, Русија ги отфрла обвинувањата

ВО БУЧА СЕ УБИЕНИ ЦИВИЛИ, РУСИЈА НЕГИРА ДЕКА НИВНИ ВОЈНИЦИ ГИ МАЛТРЕТИРАЛЕ

Пронајдени се 410 тела во градовите во близина на Киев, информираше украинското обвинителство. 

Украинските обвинители кои ги истражуваат можните воени злосторства, објави Би Би Си. Обвинителката Ирина Венедиктова рече дека 140 од идентификуваните тела биле испитани.

Се повлековме од Буча на 30 март, тврди Русија. 

Руското Министерство за одбрана денеска информираше дека нивните сили не убиле цивили во Буча, во Украина. 

Министерството додава дека сите жители „можеле слободно да заминат на север“, додека јужните предградија на градот „биле цел на деноноќен оган на украинските војници“.

Во соопштението се наведува и дека сите руски воени единици се повлекле од Буча на 30 март, ден откако Русија објави дека значително ќе ги намали операциите во северна Украина.

Истребување на целата нација и народ, вака украинскиот претседател Володимир Зеленски ги искоментира убиствата на цивили во Буча. 

Според него, станува збор за геноцид. Украина ја обвини руската војска дека свесно извршила масакр во Буча, каде што беа пронајдени мртви тела, и бара истрага и гонење на сторителите.

„И ова се случува во Европа во 21 век“, рече украинскиот претседател. 

ОСМАНИ ВЕЛИ ДЕКА ЛИЦА ОД МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУЦИИ СЕ ЈАВУВАЛЕ ВО СОФИЈА ЗА ДА НЕ СЕ РЕШИ СПОРОТ

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите изјави дека лица вработени во македонски институции минатата недела се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу двете земји.

Тој не откри за кои лица и институции се работи.

„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, рече Османи.

ДЕНЕС ИМА 196 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.067 тестови, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –105, Битола – 30, Прилеп – 13, Охрид - 11, Куманово - 7, Штип и Виница - по 4, Велес, Кичево, Струга и Гевгелија - по 3, Кавадарци, Струмица и Ресен - по 2, Гостивар, Кочани, Неготино и Свети Николе - по 1.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.

Слично

Поврзани вести