Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Американците бираат претседател, а во Србија протестите ескалираа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Американците бираат претседател, а во Србија протестите ескалираа

СИТЕ ГО ЧЕКААТ ИСХОДОТ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САД

Гласаа и астронаутите на НАСА од Вселената. 

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека неговите гласачи не се насилни откако се појави на своето избирачко место во Палм Бич, Флорида, каде го придружуваше сопругата Меланија.

Паника настана во Америка. Се појави сомнителен пакет во гласачка кутија во Вашингтон, а полицијата го блокираше избирачкото место.

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО НОВИ САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва изјави дека во Нови Сад има грозоморни, насилни протести против државата Србија и порача дека сите кои учествувале во тоа ќе бидат кривично гонети.

Вучиќ истакна дека Србија ќе го брани своето знаме, своето име и ќе ги казни сите сторители на криминални дела и дека никој не се сомнева во тоа.

„Поминаа денови од страшната трагедија во Нови Сад, пристојните луѓе уште не можат да се вразумат од болката и страдањето. Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата кај Железницата Станица во Нови Сад“, рече претседателот.

Протестот во Нови Сад ескалираше. Имаше истурање на фекалии во Градското собрание, се судрија демонстрантите во полицијата, а воедно беше симнато српското знаме од канцеларијата на СНС. 

МИЈАЛКОВ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД МПЦ-ОА

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир Мијалков од МПЦ-ОА беа одликувани со орденот „Свети Николај“, кој им беше доделен вчера од страна на Брегалничкиот митрополит Иларион.

Двајцата браќа се ктитори на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село Штип, која во текот на вчерашниот ден беше осветена. Двајцата браќа, поранешни функционери, а сега бизнисмени, финансиски ја помагале изградбата на црквата во нивниот крај од каде што потекнуваат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И Тутунски комбинат од Прилеп има нов Борд на директори. 

Скопската државна компанија ќе добие нов состав на Управниот одбор. Составот е разнолик и на прво гледање тешко се наоѓа НЗС меѓу неговите нови членови кои сега се предлози за кои ќе гласа доминантниот акционер државното АД за деловен простор.

Високи приходи, стабилен бизнис и стабилна добивка. На шпедитерскиот бизнис олицетворн преку компанијата „Фершпед“ воопшто не му одело лошо оваа гподина, ама нема ни некои приходни или профитабилни скокови во однос на истиот период од минатата година.

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, официјално и самиот стана претприемач со отворање на почетен бизнис во Битола, најпрво за издавање на деловен простор и апартмани, а потоа, како што сам вели, со можност да се прошири на други дејности.

За тоа дали и во Македонија, по примерот на Босна, бурекот би можел да се мери при продажба, има различни мислења. Едни се за, други се против.


Слично

Поврзани вести