Фајзер ќе испорача уште 100 милиони вакцини во ЕУ
Германската фармацевтска компанија „БиоНТек“ и нејзиниот
американски партнер „Фајзер“ најавија дека ќе достават нови 100 милиони дози од
своите вакцини против новиот корона вирусот
на Европската унија.
Во соопштението се наведува дека извршната комисија на 27-члениот блок ја искористи можноста за купување дополнителни дози, со што вкупниот број на вакцини што ќе бидат доставени во ЕУ во 2021 година, достигнаа до 600 милиони, пренесува агенцијата Анадолија.
Пристигнувањето на нови дози ќе го забрза процесот на имунизација на возрасната популација во ЕУ, која постојано беше критикувана за пребавната стратегија за вакцинација.
Во ЕУ, каде што живеат скоро 450 милиони луѓе, досега се дадени скоро 105 милиони дози вакцини. Повеќето вакцини бараат две дози во редовни интервали за да се обезбеди целосна имунизација на популацијата.
