Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАЈЗЕР И БИОНТЕК ТЕСТИРААТ ВАКЦИНА ЗА ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ: Можна употреба во 2022

ФАЈЗЕР И БИОНТЕК ТЕСТИРААТ ВАКЦИНА ЗА ДЕЦА ПОД 12 ГОДИНИ: Можна употреба во 2022

Американската компанија „Фајзер“ и неговиот германски партнер Бионтек започнаа со тестирање на нивната заедничка вакцина против Ковид-19 за деца под 12 години.

Во изјавата „Фајзер“ посочи дека се надева дека вакцинирањето на децата ќе биде можно на почетокот на 2022 година, пренесува Ројтерс. Портпаролката на американскиот фармацевтски гигант, Шарон Кастиљо рече дека на првите волонтери во раната фаза на испитувањето вакцините биле дадени во средата.

Вакцината против ковид 19 „Фајзер-Бионтека“ беше одобрена од американските регулатори на лекови на крајот на декември за лица постари од 16 години.

Како што наведува Ројтерс, педијатрискиот преглед, за доенчиња помлади од шест месеци, го започнала и компанијата „Модерна“ минатата недела.

За разлика од „Фајзер“, стандардната вакцина на „Модерна“ е наменета за лица на возраст од 18 години и постари.

„Фајзер“ и „Бионтек“ планираат првично да ја тестираат својата вакцина за деца во три различни дози од 10, 20 и 30 микрограми - во две фази во кои ќе учествуваат 144 учесници.

Планирано е подоцнежното испитување да биде проширено на 4.500 лица, во кое тие ќе ја тестираат безбедноста, толеранцијата и имунолошкиот одговор што го создава вакцината, најверојатно со мерење на нивото на антитела кај млади лица.

Кастиљо рече дека компаниите се надеваат дека ќе ги добијат резултатите од тестовите во втората половина на годината.

Таа посочи дека „Фајзер“ веќе ја тестирала вакцината кај деца на возраст од 12 до 15 години. Компанијата очекува да има податоци од тоа истражување во наредните недели.


Слично

Поврзани вести