Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фајон охрабрува – нема опасност за враќање на визите

Фајон охрабрува – нема опасност за враќање на визите
Тања Фајон тврди дека не постои опасност за земјите од Западен Балкан наскоро да биде применет механизмот што овозможува привремено воведување на визи за државите чии граѓани во поголем број доаѓаат како лажни азиланти во ЕУ. Фајон, оцени дека исходот од гласањето  во Европарламентот за овој механизам „сериозно ја загрозува визната политика на ЕУ и односите со соседите, а посебно со земјите од Западен Балкан“. Таа предупреди дека усвоениот механизам е „штетен и опасен“. - Иако и натаму е значаен, сепак, бројот на азиланти од регионот (на Западен Балкан) всушност се намалува, така што земјите-членки на ЕУ немаат основа да бараат Европската комисија да го активира механизмот, истакнува Фајон во соопштението. Механизмот беше усвоен со  328 гласа од европратеници иако 257 беа против, а 48 воздржани. - Ова е катастрофа, многу сум разочарана, напиша  Фајон на својот Твитер непосредно по гласањето. Таа, како членка на Комитетот за човекови слободи, правосудство и внатрашни работи на ЕП, ја водеше кампањата овој механизам да не биде усвоен, бидејќи не предвидува контролна улога на Парламентот во неговата примена, туку одлуката и ја препушта само на Европската комисија.
Слично

Поврзани вести