Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фајненшл тајмс: Посетата на Кери во Русија е победа на руската дипломатија

Фајненшл тајмс: Посетата на Кери во Русија е победа на руската дипломатија

Весникот „Фајненшл тајмс“ ја проценува посетата на американскиот државен секретар Џон Кери во Русија како победа на руската дипломатија.

Денеска Кери пристигна во Сочи на разговори со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Тие ќе разговараат за односите Москва-Вашингтон, Сирија, Иран, Украина и во целина ситуацијата во меѓународните односи. Ова е прва посета на Кери во Русија од мај 2013 година.

Посетата на дипломатот на САД во Русија покажува дека Москва се уште игра важна улога во меѓународните односи и е тешко Западот да ги игнорира Русите.

Изданието обрнува внимание на своите читатели дека ова е прва посета по почетокот на украинската криза која доведе до заладување на односите меѓу Русија и САД.

Авторитетни весници го забележува фактот дека средбата се одржува неколку дена по воената парада во Москва на која се одбележуваше 70 години од капитулацијата на Нацистичка Германија. Весникот потсетува дека парадата беше бојкотирана од САД и голем број западни држави.

„Правда.Ру“ пишува дека прашањето за антируски санкции нема да биде покренато на средбата меѓу Кери и Путин.

По посетата во Сочи Кери ќе се упати кон Анталија, Турција, каде ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО на 13 мај.

Слично

Поврзани вести