Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук го помина Гугл:Топ 20 најпосетувани интернет страници на светот

Фејсбук го помина Гугл:Топ 20 најпосетувани интернет страници на светот
„Google“ повеќе не е најпосетуваната интернет страница во светот, покажува класификацијата на „ComScore“. Оваа година за прв пат,  првото место i припадна на најголемата социјална мрежа „Facebook“. На листата најдобри годинава се рангирани пет кинески веб страници. Видете кои се 20 најкликани веб страни во светот: 20. Amazon.com - 163 милиони единечни посети Кога сајтот бил пуштен во употреба бил наменет за неколкку луѓе кои пакуваат и продаваат книги преку Интернет. Денеска тој е најголемата инстернет страница за онлајн продажба во светот од каде можете да си купите се. 19.Sina.com.cn - 169 милиони единечни посетители Во 2000 година оваа интернет страница ја нарекуваа „кинески Yahoo“, а во 2009 година лансираа и интернет страна за микроблогирање 18. WordPress.com - 170.900.000 единечни посетители Оваа интернет страница е популарна бидејќи има удобна платформа за блогови. Кога во 2004 година ги променија правата за лиценцирање, многу луѓе одлучија да ги напуштат. 17.Apple.com - 171.700.000 единечни посетители Тоа е интернет страницата на Apple. 16.Sohu.com - 175.800.000 уникатни посетители Ова е најпосетуваниот кинески пребарувач кој функционира од 1997 година 15.Bing.com - 184 милиониединечни посетители Мајкрософт агресивно го рекламираше својот пребарувач. Компанијата прави големи напори за подобрување на својот пребарувач, што дури плаќа и други сајтови да ставаат свои линкови на Bing 14.Twitter.com - 189.800.000 единечни посетители Овој интернет портал стартуваше во 2009 година. Денеска на него профил имааат многу политичари, секоја поголема компанија и музички ѕвезди. Twitter стана едно од најбрзите мрежи за брзо добивање и праќање на информации 13.Taobao.com - 207 милиони единечни посетители Кинеското онлајн списание за облека и козметика започна да работи во 2003 година. Не се наплаќаат неговите содржини и за кратко време стана многу популарен кај посетителите 12.Ask.com - 218.400.000 единечни посетители Овој пребарувач има поддршка од Google. Се појави на почетокот на 90-тите години како AskJeeves. 11.Blogger.com - 229.900.000 единечни осетители Основана е како мала компанија во сн Франциско. Преживеа тешки времиња кога пукна балонот. Но во 2002 година беше купен од Google и на тој начин се спаси од пропаѓање 10. MSN.com - 254.1 милиони единечни посетители Портал на Microsoft. 9. Baidu - 268.7 милиони единечни Ова е кинески пребарувач. Во него работат илјадници од најдобрите инженери на Кина. 8. Microsoft.com - 271.7 милиони единечни посетители Од тука можете да купите производи на Microsoft. 7. QQ.com - 284.1 милиони единечни посетители Компанијата Tencent која стои позати оваа интернет страница создаде најголема платформа за информации во Кина и има над 700 милиони активни корисници 6. Live.com - 389.5 милиони единечни посетители посетители Тоа е новата и-мејл услуга на Microsoft. Од тука може да се влегува и во двете платформи за електронска пошта на компанијата- Outlook и Hotmail. 5. Wikipedia.org - 469.6 милиони единечни посетители Електронска енциклопедија на која псоетите доаѓаат главно од Google. 4. Yahoo.com - 469.9 милиони единечни посетители Ова е еден од првите портали, кој ја стекна својата популарност уште во 90-тите години. Луѓето доаѓаат тука за да се информираат за речиси сè - вести, спорт, финансии и др. 3. YouTube.com - 721.9 милиони уникатни посетители Google купи сајтот во 2006 година и неговата популарност се зголеми уште повеќе. Помага на милиони луѓе во светот да гледаат видеа и да откријат нови уметници како Џастин Бийбър. 2. Google.com - 782.8 милиони единечни посетители Google влезе во битката на пребарувачите кон крајот на 90-тите, о победи поради чистиот дизајн и брзината си.Денес поддржува услуги како Gmail и Google Maps. 1.Facebook.com - 836.7 милиони единечни посетители Социјалната мрежа започна како сајт за контактирање помеѓу студентите на Харвард. Денес е еден од најпосетените интернет страници во светот и е вистиснки феномен.
Слично

Поврзани вести