Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабриките во Бангладеш се небезбедни за работа

Фабриките во Бангладеш се небезбедни за работа
Десет од околу 75 фабрики за текстил во Бангладеш не ги задоволуваат безбедносните прописи, соопшти американскиот ланец на продавници Вал-март. Вал-март ја изнајми фирмата Bureau Veritas да провери дали се почитуваат прописите за минималната безбедност во околу 200 фабрики во Бангладеш, бидејќи во таа земја во април во рушење на зграда, загинаа повеќе од 1.100 текстилни работници. До сега, се проверени 75 фабрики од кои десет не ги задоволуваат прописите за безбедносни мерки. Текстилната индустрија на Бангладеш, која робата ја испорачува најмногу во САД и Европа, вработува околу четири милиони луѓе, главно жени, и тие во најголем број од случаите работат за симболични плати. Сопствениците на фабриките, минатата недела, по четири дена протести, прифатија на неквалификуваните работници да им ги зголемат месечните плати за 77%, така шти тие сега изнесуваат 66 долари.  
Слично

Поврзани вести