Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВУШЕЛД-ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД НА АСТРАЗЕНЕКА ГО ОДОБРИ ФДА: Наменет е првенствено за луѓе со имунокомпромитиран систем

ЕВУШЕЛД-ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД НА АСТРАЗЕНЕКА ГО ОДОБРИ ФДА: Наменет е првенствено за луѓе со имунокомпромитиран систем

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот Евушелд против Ковид-19 што го разви фармацевтската компанија АстраЗенека.

Станува збор за медикамент создаден од моноклонални антитела што помага во спречување на Ковид-19 кај луѓе кои имаат компромитиран имунолошки систем или оние кои имаат историја на тешка алергиска реакција на вакцините против корона вирусот, пишува денеска Cnet.com.

Евушелд се дава преку две инјекции на лицата со ослабен имунитет на возраст од 12 и повеќе години кои не се болни одКовид-19 и кои не биле изложени на вирусот. Според ФДА, може да биде ефикасен шест месеци. Лекот на АстраЗенека е пред се за луѓе кои имале трансплантација на органи, луѓе кои живеат со напреднат или нетретиран ХИВ и луѓе кои земаат лекови за имунолошкиот систем. Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорача дополнителна доза на повеќето имунокомпромитирани луѓе пред бустерите да бидат достапни за пошироката јавност.

Од АстраЗенека велат дека лекот Евушелд го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 83%, иако се уште нема податоци  како новата варијанта на корона вирусот омикрон ќе влијае на ефективноста на Евушевлд.


Слично

Поврзани вести