Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евтините модели на BMW, Audi и Mercedes ги привлекоа клиентите од пониските класи

Евтините модели на BMW, Audi и Mercedes ги привлекоа клиентите од пониските класи
Новата стратегија на премиум брендовите да произведуваат компактни и поевтини модели дава резултат, но им предизвикува главоболки на производителите на автомобили од пониските класи, покажува истражувањето на консултантската агенција Ernst & Young , објавено од Automotive News . Според извештајот,  германската тројка - BMW , Audi и Mercedes- Benz , веќе почна сериозно да " краде " клиенти од компании со кои досега никогаш не се натпреварувале. Германските премиум брендови веќе нудат компактни модели на пониска цена и на тој начин ги привлекуваат оние купувачи кои се подготвени да платат малку повеќе , но да имаат автомобил од престижен бренд . Интересно е дека и покрај падот на автомобилскиот пазар во Европа во последните 6 години , BMW има раст од 5 % . Истото го прават и Audi и Mercedes- Benz - со 6%, односно и 5% . Во исто време PSA / Peugeot - Citroen , General Motors Co . и Ford Motor Co  , бележат пад на продажбите. Германската тројка го промени распоредот на силите на пазарот. За прв пат во историјата BMW ја надмина продажбата Fiat . Главната причина е верзијата Gran Turismo  3 . Како целина продажбата на Баварците се зголеми за 9% , а третата серија стигна на 4 -тото место според резултати во Европа во август , надминувајќи ја дури Ford Fiesta-та . Од своја страна, само за 8 месеци Mercedes- Benz има раст од 6 % благодарение на новите компактни модели A -Class B -Class и CLA . Компанијата нуди веќе 23 модели и планира да ги зголеми за уште 13 во наредните 8 години . При пад од 5% на вкупниот пазар во август , Mercedes- Benz расте за 9% . Audi исто така, оди нагоре. Откако за 6 години го удвои бројот на модели кои ги нуди, а најважен е успехот на  A1 и Q3 , но најмногу А3 , кој успеа да стигне до 6-тото место по продажбата во Европа , надминувајќи ја Opel Corsa и Peugeot 208 .
Слично

Поврзани вести