“Евтини“ паркинг места во Лондон, чинат само 465.000 долари
Доколку сакате да закупите паркинг во центарот на Лондон тоа ќе ве чини 465.000 долари. Ова е понудата на една фирма за недвижности во главниот град на Велика Британија.
Износот не се плаќа за закупување на место за паркирање засекогаш, туку за давање под наем на 91 година.
Паркинг местата, кои се нудат од компанијата „Кеј енд Ко.“, се во близина на лондонскиот Хајд парк. Големината на местото е 3,35 метри на 6,4 метри.
Од фирмата тврдат дека за понудата веќе има заинтересирани странки.
Слично
