Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВТИНА ЗЕМЈА: Бараат странци да се доселат, живеат и работат кај нив

ЕВТИНА ЗЕМЈА: Бараат странци да се доселат, живеат и работат кај нив

Грузија е евтина земја, која бара странци да се доселат и да живеат кај нив. 

Лебот се продава таму по цена пониска од 15 денари, додека половина литар пиво чини малку повеќе од 30 денари.

Новата програма е за секој што сака да остане во Грузија повеќе од шест месеци. 

Целта е да се привлечат работници од целиот свет да доаѓаат во оваа земја. 

Владата им дозволува на странските државјани да влезат во земјата со специјален план за работа од дистанца.

Граѓаните мораат да добијат потврди и да ветат дека ќе останат во 14 дневен карантин по влегувањето. Луѓето кои ќе влезат во земјата мора сами да го финансираат карантинот. 

Проектот е насочен кон самовработување, за оние кои имаат можност да работат од далечина.

Грузија поминала низ период на голем економски пад во текот на 1990-тите, со висока инфлација и големи буџетски дефицити, поради постојаното затајување на даноците.

Денес, големите приливи на странски директни инвестиции се водечки фактор зад брзиот економски раст во Грузија од 2003 година. 

Туризмот и земјоделството се многу важни во земјата. 

Во 2011 година, повеќе од 3 милиони туристи ја посетиле Грузија. 

Слично

Поврзани вести