Еврозоната повторно е во дефлација
Инфлацијата во еврoзоната падна до -0.1% за септември, а во август таа беше 0.1%, покажаа прелиминарните податоци на Еуростат. Ова е прва негативна дефлација од шест месеци наваму.
Основната инфлација, која не ги вклучува силно променливите цени на храната и енергијата. Највисока годишна измена бележат алкохолот, цигарите и храната (1,4%, споредено со 1,3% во август), следени од услугите (1,3%, споредено со 1,2% во август), на неенергетските индустриски стоки (0,3%, споредено со 0,4% во август) и енергетски стоки (-8,9%, споредено со -7,2% во август).
Претходно во текот на месецот директорот на Европската централна банка Марио Драги предупреди дека инфлацијата во еврозоната може да стане негативна во наредните месеци, иако само привремено.
"Неочекуваната" негативна инфлација покажува дополнителен притисок над Европската централна банка (ЕЦБ) да ги зголеми стимулациите за економија, коментира Bloomberg. Прогнозата на над 38 економисти анкетирани од агенцијата, беше за нулта инфлација во септември.

