Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната почна да излегува од долгата рецесија?!

Еврозоната почна да излегува од долгата рецесија?!
За прв пат по две години, во јули, пораснаа производните активности во еврозоната, покажува денешниот извештај на лондонски Маркит. Ова, според аналитичарите, е сигнал дека економијата во еврозоната би можела полека да излегува од рецесијата. Прелиминарниот индекс на менаџерска набавка (PMI) во производниот секторот на еврозоната во јули се зголемил на 50,1 поени, од 48,8 поени во претходниот месец. Ова е прв пат во последните две години да го надмине нивото од 50 поени, границата меѓу растот и падот на активностите. Сеопфатниот индекс на менџерска набавка (PMI), кој ги обединува производствениот и секторот на услуги во еврозоната во јули се качи на 50,4 поени од 48,7 поени, и го достигна највисокото ниво во изминатите 18 месеци. Прв пат е надмината границата од 50 поени од јануари 2012. „Ова многу охрабрувачки ја прикажува состојбата и тоа во пошироки размери. Германија е лидер, следи Франција, па дури и производствената активности на периферијата регистрираат враќање кон растот” - изјави Крис Вилијамсон, главен економист во Маркит. Овој индикатор, добиени од анкетата на лондонската истражувачка куќа направена меѓу илјадници компании во еврозоната, се смета за сигурен сигнал за економски раст.  
Слично

Поврзани вести