Еврозоната не е лесно да се напушти
Членот на извршниот одбор на Европската централна банка и гувернер на Бундесбанка Јенс Вајдмен, предупредил на опасност од шпекулацијата за излегување на некои земји од еврозоната.
-Она што ме чуди е колку лесно луѓето го споменуваат таквото сценарио, изјавил Вајдман за германскиот Капитал.
Излезот од еврозоната би имал сериозни последици за земјите кои би ја напуштиле, како и за сите останати, предупредил германскиот шеф на централната банка.
-Монетарната унија не е некоја врста на клуб од кој може лесно да се испишете, па набрзина и пак да се упишете. Секој кој пропагира излез од еврозоната ја потценува меѓусебната поврзаност на различните економии во монетарната унија и влијанието од таквиот излез врз банките и компаниите, додал тој.
Слично
