Еврозоната ќе и исплати на Грција транша од 2,5 милијарди евра
Да и се исплати на Грција следната транша од 2,5 милијарди евра за антикризната програма се согласни Земјите-членки на еврозоната.
Одлуката за исплатата на новата транша пари за Грција треба да биде донесена во текот на денот на телеконференцијата на која ќе учествуваат претставници на министерствата за финансии на 17 земји-членки на еврозоната, на Европската централна банка и на Европскиот стабилизациски фонд.
Тоа ќе биде првиот дел од траншата од 6,8 милијарди евра за Грција. До крајот на летото Атина треба да ја добие и втората транша од 1,5 милијарди евра од еврозоната.
Третиот пакет помош од 1,8 милијарди евра треба да биде исплатен од ММФ во август, а во октомври еврозоната ќе и даде на Грција уште една милијарда евра.
