Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврозоната излегува од рецесија – по две години раст на БДП-то од 0,2 отсто

Еврозоната излегува од рецесија – по две години раст на БДП-то од 0,2 отсто

Бруто домашниот производ на еврозоната во вториот квартал за прв пат ќе забележи пораст, откако шест квартали по ред беше во пад, предвидуваат аналитичарите пред објавување на официјалните резултати од Евростат во среда.

Според проценките во вториот квартал од годинава во еврозоната ќе биде забележан раст од 0,2 отсто со што за прв пат по 2011 годинќе се стави крај на најдолгата рецесија во 14 годишното постоење

Уште на крајот на јули се проценуваше дека во вториот квартал ќе биде забележан раст во еврозоната, а особено во развиените земји како Франција и Германија.

Според податоците на националните статистики, германскиот БДП пораснал за о,7 отсто, во однос на претходното тромесечје. Шпанија остварил пад од 0,1 отсто, иако сите очекувале многу поголем пад, но бил прекинат трендот на намалувањето на вработеноста во оваа земја.

Според податоците на Европската комисија растело и довербата на потрошувачите и претприемачите трет месец последователно.

Слично

Поврзани вести