Еврозоната доби уште една држава членка
Од денеска и официјално Литванија станува деветнаесетата држава членка на еврозоната и се приклучува во европското семејство во кое до сега членуваа Летонија, Естонија, Словачка, Кипар, Малта, Словенија, Грција, Белгија, Германија, Ирска, Шпанија, Италија, Луксембург, Холандија, Австрија, Португалија, Франција и Финска.
Литвански ентузијасти во ноември минатата година одлучија да го одбележат збогувањето со националната валута правејќи пирамида од еден милион стари монети во центарот на главниот град Вилнус.
На новите литвански монети од по едно евро ќе биде изгравиран националниот грб од 14. век.
Оваа балтичка земја со три милионско население стана членка на ЕУ во 2004 година.
Слично
