Еврозона: Раст на индустриското производство
Еврозоната во август забележа раст на индустриското производство од еден процент, соопшти Европската статистичка служба потсетувајќи дека во јули индустриското производство беше во пад за еден процент.
Индустриското производство во август во споредба со истиот месец минатата година беше за 2,1 проценти помало.
Според официјалните податоци индустриското производство во 17-члената еврозона е за 12,5 проценти помало во однос на периодот пред избивањето на глобалната финансиска криза во 2008 година.
Во вторипт квартал еврозоната во вториот квартал излезе од рецесијата, забележувајќи раст од 0,3 проценти во споредба со првите три месеци од оваа година.
Растот во третиот квартал се очекува да биде поголем од оној во вториот, а оптимизмот се темели на голем број позитивни показатели кои укажуваат дека закрепнувањето „се шири“ и не зависи само од перформансите на Германија.
Слично
