ЕВРОВИЗИСКИ ДЕБАКЛ ВО НАЈАВА: Четири земји се повлекоа, ќе се повлечат уште пет?
Црна Гора нема да учествува на Евровизија во 2023 година, што неодамна го потврди и Радио Телевизија на Црна Гора, а потоа преку соопштение МРТ објави дека ниту Северна Македонија нема да учествува на натпреварот за да заштеди пари.
„Поради економската и енергетската криза и високите трошоци, Северна Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија 2023 година, кој ќе се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија„ гласи соопштението од нашата земја.
Покрај овие две земји, уште две земји потврдија дека нема да учествуваат на следниот натпревар. Бугарија и Босна и Херцеговина ги наведоа истите причини за повлекување, додека следната година свои претставници нема да имаат уште пет европски земји кои претходно учествуваа: Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција.
Директорот на Косовската радио-телевизија Шкумбин Ахметекај пред четири месеци најави дека оваа медиумска куќа на крајот на годината ќе поднесе барање за членство во Европската радиодифузна унија, што е предуслов за учество на Евровизија.
- Кон крајот на годината или почетокот на следната ќе аплицираме за членство во ЕБУ. Сега шансите ни се веројатно поголеми, поради исклучувањето на Русија и Белорусија од натпреварувањето - изјави тогаш тој, пренесувајќи го „Национале“, а бидејќи пријавувањето не дојде до средината на септември, кога беше крајниот рок за кандидатура за следната ревија за најдобрата песна на Европа, сепак нема да можат да учествуваат следната година.
Ало.рс
