Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eврото во однос на американскиот долар порасна за 0,4 отсто

Eврото во однос на американскиот долар порасна за 0,4 отсто

Поради шпекулациите за намалување на поттикнувачките мерки од американската централна банка Federal Reserve (Fed) на девизните пазар курсот на американскиот долар беше под притисок минатата седмица сѐ до петокот.

Курсот на еврото во однос на американскиот долар порасна изминатата седмица за 0,4 отсто, на 1.3340 долари, а во четвртокот, првпат по седум дена, се проби над нивото од 1.3400 долари.

Во односот на јапонската валута, цената на еврото падна за 2,3 отсто, на 128, 35 јени.

И доларот ослаби во однос на јенот, па неговиот курс потона за 2,7 отсто, на 96,25 јени, а во четвртокот, првпат по една седмица потона и под нивото од 96 јени.

Американската валута беше под притисок до петокот, бидејќи неколкуте послаби отколку што се очекуваа економски податоци од САД, предизвикаа неизвесност по прашањето дали Fed ќе ги намали поттикнувачките монетарни мерки.

Еврото, пак, беше во залет благодарејќи на подобрите од очекувани податоци од Германија, кои ја поттикнаа надежта дека јакнењето на најголемата економија во еврозоната може да го извлече овој блок од рецесија, пренесе „Макфакс“.

Слично

Поврзани вести