Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото ослабе на девизните пазари

Еврото ослабе на девизните пазари

Eврото во однос на американскиот долар на девизните пазари падна на најниско ниво по еден месец и половина, откако Европската централна банка (ЕЦБ) најави натамошно олабавување на монетарната политика.

Курсот на еврото во однос на американската валута падна за 1,4 проценти и се продава за 1,2827 долари.

Вредноста на доларот зајакна во однос на јапонската валута за 2 проценти така што еден долар се продава по 101,20 јени највисоко ниво од 31 мај.

И еврото зајакна во однос на јапонската валута, а неговата цена се зголеми за 0,6 проценти или 129,80 јени за едно евро.

Еврото падна нагло во однос на доларот во четвртокот откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги многу јасно кажа дека поради слабоста на економијата во еврозоната каматните стапки ќе останат на сегашното или пониско ниво.

Слично

Поврзани вести