Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото може уште да поскапува?

Еврото може уште да поскапува?
Еврото се тргува близу до највисокото ниво од пет недели во однос на доларот пред податоците за вработувањето и невработеноста во САД . Според експертите, сепак, силата на единствената валута може да продолжи откако прашањето за негативни камати во еврозоната веќе не е на дневен ред . Вчера претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, го увери пазарот дека финансиската институција нема намера за натамошно олабавување на монетарната политика , што го однесе еврото нагоре. Банката исто така го зголеми прогнозираниот раст за следната година во еврозоната за 0,1 процентен поен до очекуван раст од 1,1 % . Минатиот месец ЕЦБ изненадувачки ги намали каматите во еврозоната со 25 базични поени, на 0,25% . Единствената валута се разменува на ниво од 1.3668 околу два часа пред објавување на клучните податоци за вработеноста во САД . Послаби од очекуваните податоци би ги намалиле шпекулациите за ограничување на стимулите од страна на ФЕД и би довеле до натамошно поскапување на единствената валута според аналитичарите . Просечните очекувања се за 180 000 нови работни места во САД во ноември , што би било под создадените 204 000 нови работни места еден месец порано . " Драги изјави дека ЕЦБ има многу опции и се уште не одлучила кои од нив да ги користи . Пазарот сепак го усвои ова како знак дека нема да има повеќе монетарни стимули од страна на ЕЦБ во краток рок " , коментира Чанг Ланг од Mizuho Bank . " Друг шпекулативниот фактор е зголемувањето на проектираниот раст на еврозоната . Постои сериозен отпор кај 1.37 според аналитичарите и ако тоа ниво се прескокне, сосема е можно еврото да поскапе до ниво од 1,40 . Редукција под 1.355 сепак, би ги променила растечките очекувања и може да иницира пад кон 1.32 .
Слично

Поврзани вести