Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврото го погоди профитот на Адидас

Еврото го погоди профитот на Адидас
Германскиот производител на спортска опрема Адидас, наведува дека силното евро влијаело на профитот во третиот квартал, но компанијата ќе ја задржи прогнозата за заработка цела година. „На нашето работење во третото тромесечје негативно влијаеја озбилните валутни турбуленции“ - рече извршниот директор на компанијата Херберт Хајнер, пренесува агенцијата Франс прес. Во три месеци, заклучно со септември, нето заработката на Адидас паднала за 8% на 316 милиони евра. Профитот од работењето е намален за 6% на 463 милиони евра, а приходите потонале за 7% на 3,87 милијарди евра. Компанијата сепак за јаздржала прогнозата за 2013 година, наведувајќи дкеа очекува подобри резултати во четвртиот квартал. Адидас за оваа година прогнозира раст на заработката по акција од 4-7 отсто, односно нето профит од 820 до 850 милиони евра.  
Слично

Поврзани вести