Економија, финансии, бизнис

Контакт

Евростат: Над 810 илјади имигранти земале европско државјанство во 2010-та

Евростат: Над 810 илјади имигранти земале европско државјанство во 2010-та
Над 810 илјади лица, пред се од Африка и Азија, добиле државјанство во една од 27-те земји членки на Европската унија во 2010 година. Според податоците на Евростат, 70 проценти од нив државјанство добиле во Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија. Според податоците со британско државјанство се стекнале 195 илјади имигранти, со француско 143 илјади, со шпанско 124 000, додека германско државјанство добиле 105 илади имигранти. Најголем број на државјанство во ЕУ добиле 67.000 Мароканци, по нив следат 49.900 Турци,  45.200 Еквадорци, 34.700 Индијци и 27.500 доселеници од Колумбија.
Слично

Поврзани вести